Од снег на сонце: За што се жалат најчесто Македонците периодов?

На телефонската линија 02/15 123 за медицински совет „Ало докторе“ изминатата недела (од 22 февруари до 28 февруари) имало 1.215 повици.

Од 15 септември 2014 година кога почна да работи телефонската линија, досега, имало 79.494 повици.

Линијата е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на различни симптоми на нарушување на здравјето.

Дваесет и пет доктори се достапни за медицински совет. Повиците се од граѓани од сите градови на Македонија.

Јавувањата се за широк спектар на најразлична симптоматологија, најчесто за главоболки, сезонски настинки, зголемен крвен притисок, симптомна болка, зголемена телесна температура и кашлици од променливото време.

На сите оние лица кои побарале медицински совет на телефонската линија „Ало докторе“ им е дадена здравствена помош со совет и соодветна симптоматска терапија. 

 
 
29.02.2016 - 08:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега