Светците кои се празнуваат денеска - пострадале поради љубовта за Христа

Денеска е Св. маченици Памфил, Порфириј и други.

На овој ден, за време на царувањето на Диоклецијан, 12 маченици пострадаа заради нивната вера во Христос во палестинскиот град Кесарија (Цезареја). Некои од нив, т.е. презвитерот Памфил, учен човек, залужен за оформувањето на тогашната богата Кесариска библиотека, ѓаконот Валант и Павле, беа затворени две години порано, а сега го дочекаа своето судење. Други, од љубов кон првите сакаа да се погрижат за нивните мошти или откриено ги молеа мачениците да се застапат за нив пред Бога. На сите им се најде една вина - љубовта за Христа, заради што беа и погубени на почетокот од четвртиот век.

 
 
29.02.2016 - 11:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега