Груби: Тодор Петров се сопнал и сам си ја повредил главата

 

Претседателот на СМК Тодор Петров кој во неделата по осветувањето на темелите на крстот во Општина Бутел, беше претепан во кафеана на Скопскиот саем, објави на својот Фејсбук профил детали за нападот, Според неговото пишување додека Петров бил тепан од страна на Беќир Асани, во кафеаната бил присутен и градоначалникот на Чаир Изет Меџити

Груби вели дека никој не го тепал Петров туку дека тој сам се повредил.

- Тодор Петров се сопнал, се повредил и си ја удрил главата. Беќир Асани не го истепал, а Петров само сака да стане фактор со вакви изјави. Ние воопшто немаме информација дека има пријава против Асани - рече шефот на кабинетот на лидерот Ахмети.

 
 
29.02.2016 - 12:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега