Вечерва црвен дожд - не облекувајте бело!

Вечерва не излегувајте во бело и без чадор бидејќи ќе врне црвен дожд.

Засолнете ги возилата, бидејќи вечерва кај нас доаѓа „црвен дожд“! Моќен циклон, попознат како „Медитерански ураган“, собрал голема количина песок од Сахара, а силното јужно струење во регионов носи многу топол ваздух, но и црвен дожд и снег, кои во себе содржат честички песок од оваа пустина.

Циклонот се наоѓа над централниот Медитеран. Во предниот дел кон нашите предели струи многу топол воздух, кој е во склоп на јужното струење. Воздухот потекнува од северот на Африка и содржи честички песок од Сахара. Кога овој воздух поминува преку Медитеранот, се кондензира и станува богат со водена пареа, па во нашите предели се случува овој црвен, односно жолт дожд и снег.

Оваа појава е вообичаена и се случува за време на есента и зимата.

 

 

 

 
 
29.02.2016 - 16:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега