ЕКСКЛУЗИВНО ФОТО: Стигна третиот воз од Кина

Третиот патнички воз денес од Кина пристигна во Македонија. Ова е втора дизел гарнитура која пристигна во Македонија. Четвртиот воз се очекува во Македонија да биде за околу еден месец.

До првата половина на оваа година во Македонија треба да пристигнат сите шест патнички возови, четири дизел и два со електроморот, инвестиција вредна 25 милиони евра.

Првиот патнички воз кој пристигна во Македонија веќе сообраќа на Коридорот 10 од Табановце до Гевгелија, вториот многу скоро ќе биде пуштен во сообраќај кон Битола, а третиот кој денес пристигна ќе сообраќа по техничко-безбедносните контроли.

Директорот на МЖ „Транспорт“ Никола Костов вели дека возовите се безбедни за сообраќај по македонските пруги, а цената на билетите останува непроменета.

 

 
 
29.02.2016 - 20:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега