Нов месец: Што ќе се случува со времето првата недела од март?

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повеќе сончеви периоди. Локални врнежи од дожд се можни во претпладневните часови во источните делови од земјата. Во текот на утрешниот ден ветерот ќе биде слаб до умерен и претежно од југозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од шест до 12, а дневната  од 13 до 19 степени.

Во Скопје ќе преовладува сончево време со умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе се искачи до 17 степени.

И во наредните денови продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд и со умерен, а во некои делови и засилен ветер од јужен правец. Дневната температура до четврток нема значително да се менува, а во петок ќе бележи благо опаѓање. 

 
 
01.03.2016 - 08:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега