Во МАНУ ќе се формира Советот за евроинтеграции

Во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денеска ќе се формира Совет за евроинтеграции.

Како што соопштија од МАНУ, на конститутивната седница ќе присуствува и заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, Фатмир Бесими.

Предвидено е по фомирањето на Советот за евроинтеграции, да биде потпишан меморандум за соработка меѓу Секретаријатот за европски прашања (СЕП) и МАНУ во интерес на забрзување на интеграцијата на државата во ЕУ. Потпис на документот треба да стават претставниците на двете институции, вицепремиерот Бесими и претседателот на МАНУ, акадeмик Таки Фити.

Според текстот на меморандумот, целта е преку разни форми на соработка да се создаде платформа за креирање на синергија помеѓу научниот потенцијал, администрацијата и деловната заедница. При тоа се дефинираат областите и начинот на соработка во насока на искористување на расположливото знаење и искуство и научно - истражувачките капацитети во сите области.

 
 
01.03.2016 - 08:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега