Ново Лисиче: Направиле судар па се пресметале со тупаници

 

Синоќа во скопската населба Ново Лисиче се случила сообраќајна несреќа кога се судриле автомобил марка рено меган со мотор околу 19 часот и 30 минути на улицата „Видое Смилевски - Бато“.

За среќа во сообраќајката немало повредени, но револтираниот возач на автомобилот, толку се збеснал што го истепал 31-годишниот возач на моторот, Д.С. од Скопје.

Скопјанецот поминал само со мали модринки во пределот на главата и телото.

ФОТО: Евести

 

најчитано сега