Математика и Природни науки по Кембриџ во цело основно образование
Наставните програми по Кембриџ за предметите Математика и Природни науки, кои сега се применуваат од прво до шесто одделение, од септември ќе бидат воведени во седмо, осмо и деветто одделение, а од следната година и во средните училишта.
- Минатата година Владата донесе одлука да се продолжи со наставната програма Кембриџ. Досега резултатите се одлични, и од аспект на квалитет на програмата, и од аспект на задоволство од самиот Кембриџ од каде доаѓаат и даваат свое мислење за тоа како се спроведува и дали тие се задоволни од начинот на кој нивните програми се спроведуваат во Република Македонија, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
Со целосното воведување во основното, а потоа и во средното образование, сите предмети поврзани со математика и со природните науки ќе бидат согласно со Кембриџ програмите.
- Кембриџ е веројатно најголемиот снабдувач на квалитетни учебници во светот. Неговите учебници се користат во голем број држави, најчесто во приватни училишта, но во некои држав се преземаат и системски во државните училишта, како што е во Република Македонија. Ова е еден од најдобрите потези што досега ги имаме направено, затоа што генерира знаење, креативност кај учениците и генерира поквалитетни генерации кои доаѓаат во иднина, додаде Груевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа