Собранието ќе ја одржи 96. седница и ќе продолжи уште две седници

 

Собранието на Република Македонија денеска ќе треба да ја одржи 96. седница, а потоа се закажани и продолженијата на 85. и на 92. седница.  

На дневен ред на 96. седница се предлог одлуки за објавување јавен оглас за именување на претседател, заменик претседател, член и заменик член на Комисијата за решавање на жалби во областа на енергетиката и за именување на претседател и два члена на Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, Предлог на закон за ратификација на Протоколот 15 за измена на Конвенцијата за заштита на човековите права и основните слободи и Предлог на закон за ратификација на измените и дополнувањата на Конвенцијата за заедничка транзитна постапка (консолидирана верзија).

Пратениците треба да се изјаснат и за измените и дополнувањата на Законот за сигурност во железничкиот систем, за измените на Законот за отворените граѓански универзитети за доживотно учење, за измените на Законот за основање на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, за измените на Законот за стручно образование и обука, за измените на Законот за Државниот испитен центар, за измените на Законот за високообразовните установи за образование на наставен кадар во предучилишното воспитание, основното и средното образование, за измените на Законот за Педагошката служба, сите по скратена постапка. 

Предлог на законот за дополнување на Законот за одбрана, по скратена постапка е единствена останата точка од дневниот ред на 85. седница. 

По завршувањето на оваа седница ќе продолжи 92-та на која народните избраници за измените и дополнувањата на Законот за политички партии, во прво читање поднесен од Лилјана Поповска, за измените и дополнувањата на Законот за унапредување и заштита на правата на припадниците на заедниците кои се помалку од 20% од населението во Република Македонија, во прво читање поднесен од пратеникот Енес Ибрахим и измените на Законот за Владата на Република Македонија, во прво читање поднесен од пратеничката група на СДСМ. 

 
 
02.03.2016 - 08:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега