СКАНДАЛ: Ременски го става под тепих скандалот, давајќи наредби да не се одговара на новинари

Техничката министерка за труд и социјална политика направи тежок гаф: наместо одговори за несреќниот случај во кој беше повредена штитеничка од Јавната установата за згрижување на деца со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение “25 мај “, таа до нашата редакција очигледно по грешка ја испрати наредбата која била наменета за нејзиниот кабинет за недавање одговори до јавноста, пишува КУРИР.мк

Изминатиов викенд, односно во саботата на 27.2.2016 во Јавната установата за згрижување на деца со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение “25 мај”, штитеничка на возраст од 14 години падна од еден од спратовите на објектот при што се здобила со тешки телесни повреди и била сместена во Ургентниот центар-Скопје.

Интересирајќи се за здравствената состојба на штитеничката на 29.02.2016 година уредно ги доставивме следниве прашања за случајот до техничката министерка Фросина Ташевска Ременски за кои сеуште не добивме одговори:

1. Колку лица работат во установата 25 мај во делот на згрижување на децата?

2. Каква е организацијата на работното време?

3. Какви мерки на безбедност се превземаат за заштита на децата?

4. Дали е формирана Комисија за испитување на случајот за падот на штитеничката?

5. Ако е формирана, што заклучи истата?

6. Има ли одговорност кај дежурниот воспитувач?

7. Зошто министерството и установата молчат за случајот?

8.Дали на тој начин ја заштитувате в.д директорката на установата?

9.Што превзеде в.д директорката за расчистување на истиот?

Техничката министерка Ременски наместо одговори на нашите прашања, од неразбирливи причини, до нашата реакција прати мејл со  насоки до нејзиниот кабинет,  кој очигледно  по грешка го праќа на емаил адресата на нашиот портал.

tasevska-r

 

Ова е невиден скандал и тежок гаф бидејќи  должност на министерот е да служи на граѓаните и да дава одговори на јавноста. Од мејлот кој по грешка ни беше препратен очигледно е дека не сака да одговори.

Ременски со ова ја продолжи праксата да не одговора на прашања кои не и се допаѓаат, а кои ја засегаат нејзината одговорност  како технички министер за труд и социјална политика.

Овој неодговорен и недоличен однос на еден министер покажува дека таа воопшто не сакала да се информира за здравствената состојба на детето и со премолчувањето и давањето директиви го штити директорот на јавната установа.

Техничката министерка од редовите на СДСМ воопшто не е транспарентна во своето работење и на неколку пати избегнува одговори на конкретни прашања од медиумите и јавноста.

Ваквиот гаф на Фросина Ременски е само уште една потврда за неспособноста да се справи со проблемите и предизвиците кои ескалираа со нејзиното работење и потврда за хаосот кој владее во ресорот труд и социјална политика

 
 
02.03.2016 - 12:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега