Случајот „Пуч“ одложен за 3 мај
Судското рочиште за предметот „Пуч“ денеска е одложено за 3 мај на барање на Специјалното јавно обвинителство, кое го презеде овој случај.
Одлагањето на рочиштето е поради жалбата на СЈО за недоставувањето копии од доказите кои ги поседува Судот, а се поврзани со овој предмет.
Во случајот „Пуч“ за шпионажа и насилство врз највисоки државни функционери, обвинети се лидерот на СДСМ Зоран Заев, контраразузнавачот Зоран Верушевски и неговата сопруга Соња, Бранко Палифров, службеник во Општина Струмица и Ѓорги Лазаревски, вработен во МВР.
02.03.2016 - 13:56
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа