Ѓорчев: АРМ има потреба од набавка на нова воена опрема

 

Пратеникот Влатко Ѓорчев од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, денес по повод Законот за одбрана со кој што треба да се набави нова воена опрема за АРМ нагласи дека сите земји од Европа ги зголемуваат своите издатоци за набавка на воена опрема со цел да се заштитат од најголемата криза која што ја погодила Европа после Втората светска војна.

-         

Во која ситуација се наоѓа Република Македонија, во која ситуација се наоѓа Балканот, во која ситуација се наоѓа Европа? Почитуван колега Сугаревски,  во моментов Европа со оценката на премиерот на Германија, со оценката на премиерот на Франција, со оценката на премиерот на Полска, на Италија и на Велика Британија се наоѓа во најголемата криза после Втората светска војна. Што прават европските држави? Што прават дури и држави што се во такви региони како што се Скандинавија, Бенелукс, како Западна Европа? Македонија не е ни во Скандинавија, ниту во Бенелукс ниту во Западна Европа. Дури и тие држави во моментов ги зголемуваат своите издатоци за набавка на воена опрема и оружје, нагласи Ѓорчев.

Ѓорчев реагираше до пратениците на СДСМ кои што рекоа дека нема да го поддржат овој закон дека редно време е Република Македонија да набави ново оружје за заштита и да не чека на дотраени донации на воена опрема од останатите земји.

 

-         

Република Македонија после подолго време евидентно е дека има потреба за набавка на воена опрема и оружје. Ваквиот став на СДСДМ за жал, ја отежнува и одложува набавката на воена опрема и оружје за АРМ. Тоа не е добро за Македонија во ситуација кога соседните земји набавуваат оружје, во ситуација кога на јужната граница имаме криза. Зарем сакате да ви ја оставиме АРМ само со тенкови Т72 кои што се дизајнирани 1972 година? Зарем ние ништо не треба да направиме околу набавка на воена опрема и да чекаме некој да ни даде како донација? Кога се набавуваше опремата за МВР бевте против, кога ја опремувавме полицијата исто бевте против. Пред два дена кога авганистанци ја нападнаа полицијата да немаше солзавец со што ќе одговореше полицијата и како ќе ја заштитеше границата. АРМ апсолутно има потреба од набавка на воена опрема и оружје во овие сложени состојби кои што се во Европа и припадниците на АРМ имаат потреба од она штио се однесува во нивниот животен стандарти решавањето на животните прашања, рече Ѓорчев.

 
 
02.03.2016 - 14:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега