Груевски: Не добив никаква покана за судското рочиште за „Пуч’

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска изјави дека не добил никаква покана да биде сведок на денешното судско рочиште во случајот „Пуч“.

- Ниту сум знаел дека треба да се појавам денеска на суд, ниту пак  некој ме известил. Еве ако имаат некаква белешка слободно нека ја покажат во јавноста. Но, јасна е работата зошто се прави сето тоа. Јасно е дека се сака да се одолговлекува тој случај. Се бараат разни  изговори, па дури се заплеткуваат и во сопствените изјави од типот наредниот пат ќе бидам повикан, другиот дека сум бил повикан, а не сум се одѕвал, рече Груевски.

Според него, специјалната обвинителка Катица Јанева и лидерот на СДСМ многу добро знаеле дека тој не е повикан во судот. 

- Значи, уште еднаш ќе повторам. Ниту сум бил повикан, ниту имам покана, ниту воопшто сум знаел дека требало да бидам сведок денеска на рочиште. Тоа и госпоѓата Јанева и господинот Заев многу добро го знаат. Меѓутоа, очигледно е дека некому му требало изговор да се одложи рочиштето денеска и да купат уште еден месец. Мислам дека се купува време и тоа е стратегијата, рече Груевски одговарајќи на новинарско прашање. 

Груевски денеска имаше средби со граѓани и ја посети Општина Карпош

 
 
02.03.2016 - 16:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега