Груевски на терен и на средби со жителите во општина Карпош

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денес беше во посета на општина Карпош заедно со градоначалниците Коце Трајановски и Стевчо Јакимовски, заменик-министерот Диме Спасов, пратеници, советници и директори на јавни претпријатија.

Заедно извршија увид во активностите при реконструкцијата на фасади на стари згради на булевар „Теодосиј Гологанов“ во населбата Козле. Градоначалникот Јакимовски го информираше за деталите потенцирајќи дека за една година ќе се обноват фасадите на 40 згради и дека на овој начин се зголемува енергетската ефикасност.

– Општината Карпош годинава ќе замени 40 фасади на објекти коишто 40 години немаат промена на фасадата. Тоа беше добра можност да се видам и да подискутирам со граѓаните, да видам дали се задоволни од сето тоа и да слушнам за повеќе проблеми, за повеќе идеи, коишто се од нивен интерес и за коишто како политичка партија и како коалиција можеме нешто да направиме, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Груевски најнапред разговараше со жителите на улицата „Теодосиј Гологанов“ каде е веќе започнато ставањето на термоизолација на зградите, за што жителите изразија големо задоволство.

Градоначалникот на Карпош Јакимовски го информираше дека фасадите на сите згради кои гледаат кон булеварот „Теодосиј Гологанов“ ќе бидат обновени, спроти поранешна „Алумина“ ќе биде изградена црквата „Кузман и Дамјан“, а во овој дел од општината Карпош со поддршка на Град Скопје ќе биде изграден и парк со плоштад. Според Јакимовски, во следните 10 години ќе бидат обновени фасадите на сите згради во оваа скопска Општина.

zgrada-fasada

Градоначалникот на Карпош Јакимовски го информираше дека фасадите на сите згради кои гледаат кон булеварот „Теодосиј Гологанов“ ќе бидат обновени, спроти поранешна „Алумина“ ќе биде изградена црквата „Кузман и Дамјан“, а во овој дел од општината Карпош со поддршка на Град Скопје ќе биде изграден и парк со плоштад. Според Јакимовски, во следните 10 години ќе бидат обновени фасадите на сите згради во оваа скопска Општина.

gruevski-jakimovski-karpos

Беше извршен и увид во градежните активности при изградба на општинска зграда во Карпош. Јакимовски информираше за каква инвестиција станува збор.

– Гаражите се веќе комплетно готови, фасадата ја работиме, кровот е веќе завршен, се става изолација…Се надеваме дека до крајот на јуни да ја завршиме зградата, истакна Јакимовски.

Зградата ќе биде 4,500 квадрати и најверојатно, како што кажа, ќе биде најголемата општинска зграда изградена со сопствени средства. Сега администрацијата на Општината е сместена на повеќе места.

Јакимовски рече дека би можело дел од подрачните единици на министерствата да имаат подрачни единици во новата општинска зграда.

– На пример граѓаните имаат потреба од Министерството за финансии. Сервисот на граѓаните да биде на едно место, рече Јакимовски.

gruevski-jakimovski-opstina

Лидерот на владејачката партија оствари средби со жителите од населба Влае каде изврши увид во градежните активности при реконструкција на улици со атмосферска канализација.

Во населбата Влае 2 ќе биде поставена атмосферска канализација на шест улици. Јакимовски информираше дека тоа ќе се прави преку проект на Светската банка. Најави и целосна реконструкција на улиците „Франце Прешерн“ и „Иван Цанкар“, вклучувајќи ги сите нејзини краци и другите улици од овој дел од Влае. Работите ќе завршат до крајот на годината.

Таму Груевски имаше средба и со жителите од овој дел од Скопје.

– Овде на улицата „Франце Прешерн“ во Влае општината има извршено сериозни зафати во делот на промена односно поставување на канализациска мрежа. Се планира таа да биде поставена на вкупно на шест улици, како и асфалтирање на тие улици, рече Груевски.

gruevski-jakimovski

Јакимовски посочи дека месните заедници во Карпош одлично функционираат и оти најчесто од луѓето вработени таму ги добиваат информациите за проблемите што ги имаат жителите.

– Оваа година сите месни заедници во Општина Карпош ќе добија измеѓу 400 и 600 илјади евра инвестиции. Конкретно Влае 1 ќе има еден милион евра инвестиции, изјави градоначалникот на Карпош Јакимовски.

Еден од проблемите со кој се соочуваат граѓаните на Влае е собирање на фекалиите кои доаѓаат од општината Ѓорче Петров и ширење на миризба поради филтер и технологија стара 40-тина година. Решавањето на овој проблем ќе започне ова лето.

–  Овој проблем го знаеме и дадено е налог на ЈП Улици и Патишта и предвидено е во инвестиционата програма за оваа година, истакна градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски.

kocetrajanovski-gruevski

Трајановски за следната година најави реконструкцијата на улицата „Ацо Шопов“.

Еден од жителите на Влае побара помош за изградба на црква која е планирана, меѓутоа поради имотно-правен спор не може да се гради.

За претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, како што рече, комуникацијата со граѓаните е од исклучителна важност затоа што на секои од местата слушал за нивните проблеми.

– Тие кажуваа што мислат, како треба да се подобрат работите за да добијат поквалитетен живот и од локален аспект, но многу од нив и од поширок аспект, политички аспект, аспект што ја засега односно е во одговорност на централната власт, рече Груевски.

Ова, додаде тој, е едно од неговите теренски излегувања, овојпат во неговата Прва изборна единица.

 
 
02.03.2016 - 17:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега