Даштевски: Нема фантомски гласачи

 

Како што гледаме од досегашните резултати, нема такви гласачи а уште помалку дека се злоупотребувани, смета Александар Даштевски по однос на фантомските гласачи за кои обвинува опозицијата.

-Ние видовме дека таму каде што излезе списокот дека тие луѓе се отселени, инаку ако се отселени, односно ако некој се отсели тој се распределува таму каде што живее, бидејќи остана решението какво такво , дијаспората да гласа. Тоа се реални гласачи а не непостоечки, објаснува Даштевски на дебатата на ТВ Нова.

Според статистиките кои ги објавија медиумите, продолжи Даштевски, онаму каде што се смета дека граѓаните се иселиле таму процентот на гласање бил помал.

-Ако дошла до таква злоупотреба процентот би бил поголем. По списоците се гледа дека процентот бил 70, а во Гостивар бил 45%. Таква злоупотреба нема и тоа е многу важно за стекнување на довербата на граѓаните, нека немало и нема да има злоупотреба на изборите, додава Даштевски.

 
 
02.03.2016 - 21:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега