Градоначалникот на Битола зачуден од обвинувањата дека општината не соработувала со СЈО

Битолскиот градоначалник Владимир Талески одговарајќи на новинарско прашање зошто општина Битола се најде на листата со институции кои одбиваат соработка со  специјалната обвинителка Катица Јанева, изјави дека Специјалното јавно обвинителство  прави обид за уривање на суверенитетот на Република Македонија, а води и политичка хајка против одредени функционери.

-Ова прераснува во хистеричен садомазохизам и се прави невидена политичка хајка. Незвисна суверена, самостојна Република Македонија, ако продолжи овој тренед се помалку ќе личи на тоа. Мислам дека ваквиот однос кон релевантните институции, кон  функционерите и она што го работиме ние е директен обид да се наруши суверинитетот и самостојноста  на Република Македонија, рече Талески.

Заради потребите на предистражните постапки кои се водат во Специјалното јавно обвинителство, општината Битола беше посетена од членови на тимот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Градоначалникот вели дека на увид ги ставиле сите документи, кои според него биле во надлежност на ова јавно обвинителство. 

 

-Ние не сме криминалци и нема да дозолиме на никој тоа насила да прави од нас. Ги покажавме сите документи што требаше да ги видат, се разбира за она за што се надлежни, иако имаме сознанија дека тие си презеле ингеренции за дел од работите за кои што веројатно не се надлежни.  Во таа смисла сме изненадени, затоа што очекувавме да не пофалат, се што побараа им е достапно, а доколку им треба уште нешто стоиме на располагање, додаде Талески.

Предметот за општина Битола беше во првите пет предмети што Специјалното јавно обвинителство ги побара од Јавното обвинителство на РМ. Битолското обинителство, пак, во мај лани, отвори предмет  за целокупното работење на битолската локална самоуправа, по објавените прислушувани  разговори и кривичната пријава што ја поднесе СДСМ против градоначалникот  Владимир Талески. 

 

 

 
 
03.03.2016 - 17:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега