Курир: Спасовски штити и поттикнува хаос и безредие

Урната оградата околу темелникот каде треба да биде поставен крстот во општина Бутел, запалена палма, поставување на шаторите, а полицијата иако присутна на протестот не реагира, пишува Курир.

Полицијата предводена од генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски без никаков отпор ги пушти демонстрантите да го пробијат кордонот и да го заземат просторот каде пред неколку дена беше поставен темелникот за изградба на крст во општина Бутел. Дел од медиумите известуваат и дека новинарски екипи биле попречувани да го снимаат инцидентот од страна на демонстрантите.

Иако присутна на протестот, полицијата не реагира на демолирањата. Наместо спречување на евентуална ескалација на протестот , се чини дека полицијата предводена од Спасовски нема наредба за реагира.

Ваквиот однос остава сериозен простор за сомнеж дека Спасовски штити и поттикнува хаос и безредие наместо да се погрижи истото да биде спречено и ситуацијата да се стави под контрола.

 
 
03.03.2016 - 19:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега