Семинар на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“
Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во соработка со Центарот за правни истражувања и анализи и Судскиот колеџ од Лондон, а поддржани од Британската амбасада во Република Македонија, на 7 и 8 март 2016 година во просториите на Академијата со почеток во 10:00 часот организираат семинар.
Семинарот е на тема „Користење на унифицирана судска пракса“.
Семинарот ќе се оддржи на два одделни настани на кои ќе учествуваат судии одговорни за судската пракса во Македонија кои воедно ја следат и судската пракса на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, како и преставници на Бирото за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права.
Со воведно обраќање до присутните, настанот на 7 март 2016 година ќе го отворат: Аднан Јашари, министер за правда на Република Македонија, Н. Е. Чарлс Гарет, британски амбасадор во Република Македонија и Анета Арнаудовска, директорка на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“.
Излагања поврзани со темата на семинарот ќе имаат судиите од Судскиот колеџ од Лондон: Џоана Корнер и Марк Оклтон.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа