Тројца полицајци повредени - во моментов мирно во Бутел

Во моментов во населбата Бутел е мирно иако и натаму на своите позиции останаа и двете групи од различни етнички групи кои протестираат за и против поставувањето на 55 метарскиот крст. Групите се на меѓусебна одалеченост од околу половина километар, а ги раздвојува полициски кордон. Групата граѓани кои вечерва дојдоа на мирен протест против вчерашното насилство и узурпираниот простор кај темелите на крстот беа спречени од полицијата во намерата да е прибликажт кон местот каде се планира изградба на крстот. По ова, доде до кус инцидент со фрлање камења помеѓу двете групи пти што според неофицијалните информации полесно се повредени тројца полициски службеници. 

Граѓаните се револтирани од двојните аршини кои вечерва ги демонстрираше Оливер Спасовски од МВР. Додека вчера кога се вандализираше крстот и општината речиси и да немаше полиција., вечерва специјалци со половина опрема ги обезбедува мирните демонстранти. 

Иако денеска Спасовски потврди дека вчера дошло до инцидент не е поднесена ниту една пријава за хаосот кој беше предизвикан. 

Двете групи најавуваат дека ќе останат на своите позиции и ќе продолжат со протестот. 

 

 
 
04.03.2016 - 22:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега