ММА: На Хојт Ји конечно му ја претставивме вистинската слика на медиумската сфера во Македонија

Канал5, Телма, Алсат М, Алфа и Сител вчеравечер разговараа со високиот гостин од САД, Брајан Хојт Ји.

– Имавме речиси час и половина на г-динот Ји да му ја доловиме вистинската слика за состојбата во медиумите, односно за информативните програми – велат од ММА.

– Го запознавме заменик – помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања на САД, со состојбата околу авторските права, нашето работење, проблемите со драконски високите казни како и со нашиот предлог за Совет при АВМУ.

– Истовремено му потенциравме дека сегашното законско решение е одлично, со исклучок на неколку промени, но и го информиравме дека го потпишавме етичкиот кодекс за изборно информирање. Сметаме дека не ни требаат брзи и несреќни промени во актуелниот закон, туку побаравме да се прифатат нашите предлог измени – информираат од ММА.

 
 
05.03.2016 - 11:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега