Денеска се празнуваат светите маченици што пострадаа во Евгенија

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 22 февруари. Денеска е Наоѓање на моштите на св. маченици што пострадаа во Евгенија

Во времето на императорот Аркадиј (395-408), на некојси клирик Никола Краснописец Бог му го откри местото каде се наоѓаа моштите на неколкумина маченици. Тоа место се наоѓаше во градот Евгенија.

Се претпоставува дека меѓу нив се и моштите на свети Андроник и Јунија, кои апостолот Павле ги спомнува во посланието до Римјаните.

Од таа причина, царот Андроник Први во дванаесеттиот век, над моштите на овие маченици, подигна црква посветена на свети Андроник.

 
 
06.03.2016 - 10:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега