Откриено како починал мажот пронајден на тротоар во Карпош
Страшна слика утрово ги дочека жителите на скопската населба Карпош. Мртвиот маж кој утринава беше пронајден на тротоар на булеварот „Партизански одреди“ починал од природна смрт. Од МВР информираат дека на телото на починатиот немало траги на насилство.
Телото нема да биде дадено на обдукција, со оглед на тоа дека се работи за природна смрт.
Од МВР велат дека телото на починатиот веднаш ќе му биде предадено на семејството за погреб.
07.03.2016 - 11:23
Фото:
Курир
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа