Страшна несреќа во кичевско: Работник итно пренесен на Ургентен
Несреќа го потресе кичевско. Во 12 часот во селото Добреноец при градежни работи, 58-годишниот В.М. од Тетово паднал од скеле на висина од околу 6 метри. Тој се здобил со повреди во пределот на кичмата. Откако бил пренесен во болница во Кичево, поради сериозноста на повредите бил пренесен во Ургентниот во Скопје.
Се превземаат мерки за расчистување на настанот.
07.03.2016 - 12:26
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа