Нелоски во Елшани ги промовираше проектите за млади (Видео)

Претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Нелоски, заедно со членот на ИК Орце Ѓорѓиевски денес беа во посета на охридското село Елшани.

vladimir-neloski-ohrid

На средбата со младите од Елшани и Охрид, на која присуствуваа и претседателот на УМС од Охрид, како и директори на охридските јавни претпријатија, беа промовирани мерките и проектите за млади на Владата на Република Македонија: стипендии, ослободувања од партиципации, стимулација за упис на факултети, бесплатен автобуски и железнички превоз, наградни патувања за најдобрите студенти, нови перални во студентските домови.

Посебно беше истакнат новиот проект „Купи куќа за млади“  со чија помош младите до 35 годишна возраст ќе може да го решат своето станбено прашање со кредит што ќе го субвенционира Владата.

-Вашиот градоначалник неколку пати беше во Скопје на состанок каде се дисктутираше за тоа каде може на младите да им се овозможат локации за изградба на куќи преку овој проект. Подетални информации може да се добијат во порачните канцеларии на Министерството за финансии и да ја искористите оваа поволна можност, рече Нелоски.

Тој се запозна со приоритетните проблеми кои ги изнесоа жителите на Елшани, како што се реконструкцијата на основното училиште „Свети Наум Охридски“, изградба на спортско игралиште, како и санација на банкините на патот Елешец-Елшани кои се видливо оштетени.

 
 
07.03.2016 - 19:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега