КУРИР: Скандалозна одлука на Жерновски - Со пари за хигиена, ќе финансира невладини организации за правење протести и нереди
Ќе се пренаменуваат средства од ставка хигиена во ставка за финансирање на невладиниот сектор, пренесува Курир.
Во предлог-одлуката е наведено дека ќе се прераспределат 1.000.000 денари наменети за јавна чистота, во трансфери до здруженија на граѓани и фондации.
Одлуката е скандалозна и Жерновски иако се обидел да предочи дека истата е на барање на советниците, треба да знае дека е и лично одговорен.
Во образложението е наведено дека ваквата одлука е во согласност со стратегијата на општината за продлабочување на соработката со граѓанскиот сектор.
Но, Жерновски треба да им одговори на граѓаните зошто јавната чистота на општината не е дел од неговата стратегија? Со овие пари кои ги зима од веќе предвидената намена, градоначалникот на Центар ризикува да снема пари за нешто кое е многу важно за граѓаните и за нивното здравје.
Финансирањето на невладините организации е уште поскандалозно ако се земе предвид фактот како функционираат и што им е работа на невладините организации блиски до СДСМ и Жерновски. Тие се одговорни за протести и правење нереди, а сега со уште 1.000.000 кои Жерновски ги префрла кај нив, може само да претпоставиме како парите ќе бидат потрошени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа