Го онесвестиле, тепале и ограбиле - хорор во Гостивар
Во 22 часот и 45 минути случаен минувач ба патот од селото Беловиште до селото Ласкавица во Гостивар, го пронашол на асфалт 51-годишниот А.А. кој работи како менувач на девизи на улица. Тој лежел повреден на улицата, па со возило на Итната помош бил веднаш пренесен во Медицинскиот Центар во Гостивар каде му се констатирани повреди на главата. Тој при разговорот со полициските службеници изјавил дека истиот ден околу 22 часот и 25 минути, неколку непознати лица со опијати го довеле во состојба на полусвест, по што го удирале во пределот на главата со тупаници и клоци. Потоа, го внеле во автомобил, а откако се освестил по триесетина минути, забележал дека му биле одземени пари и тоа франци евра и денари. Се работи за 120.000 денари.
Полицијата работи на случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа