Алфите го ваделе од автобус - скопјанец дивеел со секира

За празникот Осми март се одвивала вистинска драма на улицата Свети Кирил и Методиј во Скопје, кога 40-годишниот А.С. почнал расправија со возач на автобус со број 9. Се работи за 32-годишниот Е.А. од Скопје кој бил нападнат од насилникот кој излегол од своето Ауди А4 и со секира удирал во страничното стакло на автобусот. Тој се обидувал да го скрши стаклото и да го нападне возачот. Според податоците од полицијата, потоа насилникот влегол во автобусот со број 9 и за среќа бил спречен од патниците кои биле во паника, да го нападне возачот. Алфите го привеле скопјанецот.

Се превземаат мерки за расчистување на инцидентот кој настанал поради недоразбирања во сообраќајот.

 
 
09.03.2016 - 12:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега