Седници на три собраниски комисии

 

Во Собранието на Република Македонија денеска ќе заседаваат комисиите за транспорт, врски и екологија, за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија,

На дневен ред на Комисијата за транспорт, врски и екологија и на Законодавно-правната комисија е Предлог -  законот за зеленило  во прво читање.

Членовите на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе ги разгледаат Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за обезбедување на побарувањата во прво читање, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за матичната евиденција во второ читање, Предлог-законот за извршување и Предлог-законот за нотаријатот  во второ читање.

 
 
10.03.2016 - 08:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега