Над 15.000 вработувања: Ефектите од странските инвестиции во Македонија
Во моментов во технолошко индустриските развојни зони работат вкупно 5 100 луѓе. Но ако гледаме години наназад на пример кон крајот на 2013, ја завршивме годината со 2 500 луѓе, што значи од тогаш до сега има удвојување на бројот на вработени. Ова го истакна директорот на Дирекцијата на технолошко индустриските развојни зони Виктор Мизо, во дебатата на ТВ НОВА, на тема “Кои се ефектите од странските инвестиции“.
“Но многу важно е да се каже дека оваа бројка на вработени од 5 100 е само во компаниите кои се наоѓаат во Зоните. Ако се земат во предвид нај трудоинтензивните компании како на пример Дрекселмаер во Кавадарци и Кромберт и Шуберт во Битола кои не се во ТИРЗ, а тие две компании заедно вработуваат над 9000 луѓе,значи дека ако се соберат сите бројки на станските инвеститори, тогаш можеме да зборуваме за една бројка од над 15 000 работни места. Многу повеќе се важни и индирекнтите креирани работни места, тука имаме голем број на компании кои мора да даваат најразличен вид на услуги за компаниите кои се во зоните, од обезбедување,осигурување, кетеринг, градежни комапнии, логистика, тој ефект е многу поголем и она што беше кажано, на пример при втората фаза кога беше објавена на Ванхул не е само 400 луѓе кои ќе бидат вработени таму, туку минимум 150 луѓе дополнително ќе бидат ангажирани, само за потребите на втората фаза“ истакна Виктор Мизо, директор на ТИРЗ.
Слободните економски зони се градат во различни делови во земјава бидејќи странските инвеститори многу конкретно бараат соответна квалитетна работна сила согласно нивните потреби. Во случајот на КСС кои изработуваат воздушни перничиња токму Кичево беше соодветниот град каде има таква традиција во текстилната индустрија, но истовремено голем број од тие компании не сакаат да се лоцираат во исти град да имаат две или три компании кои би имале сличен вид на потреба на работна сила. Самото зголемување на странските инвестиции се должи на политиките и активноти кои се преземени во псоледните 10 години, не само подобрување на бизнис климата, сето она што значи промоција на државата бидејќи, запонавме од една дестинација и земја која не беше за никого позната не само како инвестициска дестинација, голем број на луѓе не знаеја и каде беше Македонија , а денес можам да кажам дека ние сме на листата од првите пет земји во Источна Европа каде сите големи компании кои разгледуваат локации“ вели Мизо.
Во дебатата на ТВ Нова за ефектите од странските инвестиции во Македонија од економски аспект зборуваше и универзитетскиот професор и економист Марјан Петрески.
– Во јавноста се создава фама во однос на моделот којшто се применува за економски развој и од таа перспектива јас го поддржувам овој модел, односно економски развој на земјата преку привлекување на странски инвестиции во зони во кои тие ќе добијат серија повластици. Таков беше случајот со Вишеградските земји со Балтичките земји, со Ирска…кои успеаа да се развијат по овој принцип и голем дел од ефектите од странските инвестиции кои таму се случуваа во 90-тите години, ги гледаме сега во овие неколку години. Поголем дел од напорите кои Владата ги вложува во привлекување на странски инвестиции ќе дадат ефект многу подоцна, иако ефектите се забележуваат и сега. Стапката на невработеност која беше објавена вчера од 24,6 отсто и е најниска од осамостојувањето во еден дел се должи и на новите генерирани работни места на странските фабрики, истакна Марјан Петрески- економист и универзитетски професор во дебатата на ТВ Нова за тоа кои се ефектите од странските инвестиции во Македонија.
Петрески вели нема дилема дека многу поволности коишто беа дизајнирани уште пред многу години, се применуваат во целиот овој период и доста влијаат во насока на привлекување на овие странски инвеститори, своето производство да го лоцираат тука, но верува дека клучните адути се она што Владата сака да го нарекува конкурентна работна сила, но ако го кажеме тоа малку пластично, би значело и релативно евтина работна сила. Тука нема ништо спорно и ние како економија мора да признаеме кое е нивото на продуктивност што може да го испорача нашата работа сила и за тоа соодветно да биде платена. Мислам дека тоа е главниот адут. Единствено што може да се подобри е во поглед на комуницирање со јавноста е да се објасни дека во оваа фаза од развој е дека просечното ниво на плати кое што го нудат странските фабрики и не може да биде повисоко од она што тие моментално го нудат, бидејќи од една страна тоа е рефлексија на продуктивноста на трудот, односно она што може работникот да го испорача и второ општата состојба на пазарот на трудот, каде што иако невработеноста е во опаѓање, таа се уште е висока. Значи во услови кога имаме голема понуда на работна сила вообичаено е цената да е ниска, така што не е можно тие фабрики да исплаќаат германски плати како што се создава една фама во јавноста. Затоа треба да се комуницира со јавноста и да не се создава еден таков притисок на пример дека доаѓа германска фабрика во Прилеп или Битола и тоа по автоматизам значи високи плати.
Технопласт е македонска компанија која произведува пластични компоненети за автомобилската, електричната и електронската индустрија која одлучи да гради фабрика во ТИРЗ Бунарџик.
Целокупното производство ќе се извезува и вградува во автомобилските брендови БМВ, Ауди и Рено.
-Инвестицијата е во вкупна вредност од 10 милиони евра и ќе се одвива во две фази. Првата фаза е градежната инвестиција и воведување на опрема при што ќе се вработат 100 лица. Во втората фаза предвидуваме проширување на постоечкиот градежен објект и вработување на уште 100 вработени со што ќе се заокружи предвидената инвестиција, истакна сопственикот на Технопласт Ѓорче Тодоровски.
Еден од проблемите со кои се соочува оваа компанија како и повеќето домашни и странски компании во земјата е недостаток на соодветен кадар.
-Квалитетен кадар не е лесно кога се најде, посебно работници со добра квалификација. Затоа ние како компанија вложуваме во тренинзи и обуки на нашите вработени и така доаѓаме до квалитетна работна сила. Во Македонија за жал нема добра берза на трудот посебно што во минатото се затворија големите индустриски капацитети, а не се пренесоа знањењата на нови генерации. Вложуваме напори со некои факултети и институции да го насочат едуцирањето кон кадри кои се потребни на пазарот на труд, вели Тодоровски.
Тој истакна дека од досегашната соработка со странските компании имаат големи предности, пред се тоа е стандардизација на квалитетот за да се соработува со нив, се учат нови методи и се отвара соработка со нови странски компании.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа