Остварена средбата меѓу Ахмети и германската амбасадорка

 

Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска ја пречека Германската Амбасадока во Скопје и заменик амбасадорот Ханс Хелге Зандер. Тема на разговорите беа посетите на Ахмети во регионот и политичките актуелни теми во земјава. Прашањето за името било неизоставен дел од разговорите, како до каде се разговорите околу изнаоѓањето на решение за истото. Абасадорката нагласи дека Германија и понатми го поддржува постигнувањето на компромис меѓу двете земји како и интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО. Тој нагласи дека е потребен поголем ангажман од страна на официјален Берлин, при постигнувањето на директен дијалог меѓу Атина и Скопје со цел двете земји да изнајдат компромисно решение за името. 

Секое одлагање на овој пат на Македонија има последици по земјата и по регионот и посебно се ризикуваат досегашните достигнување на земјата во кои што меѓународната заедница инвестираше многу.

Јавната дебата за потребата на постигнување компрмис треба да се поддржи од сите затоа што ние сме посветени да станеме дел од ЕвроАтлантските институции и треба да направиме напори за да го постигнеме тоа што е можно побрзо.

најчитано сега