Ветувањата од теренската посета на Груевски на општината Аеродром се остваруваат
Вчерашната посета на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на Аеродром покрај промоцијата на новите проекти, камен темелник на градинка и пуштање во употреба на повеќенаменско игралиште во Лисиче, беше искористена да се потсети и на остварувањето на ветувањата кои беа дадени пред граѓаните.
При посетата на Груевски на Лисиче која беше реализирана во септември минатата година, граѓаните побараа ново училиште, при што Груевски посочи дека владата ќе ја разгледа можноста и следната, оваа 2016-та година ќе се изработува проектот и ќе се започне со градба.
На вчерашната посета Груевски потсети дека на ова барање на граѓаните се работи активно и дека тоа мора да се реализира. Заменик министерот за образование Ристовски образложи дека активно се работи за спроведување на подготвителните постапки по што ќе следи градба како и што беше ветено. Граѓаните задоволни од остварувањето на нивното барање.
-Очекувам при крај на оваа година веќе да имаме завршено со тендерирање и почеток со изградба на ново училиште, како што и ветивме минатиот пат кога бевме тука во посета. Станува збор за монтажно училиште, нема вредност да се инвестира во обнова, треба целиот објект да се сруши и да се изгради ново училиште. Очекувам до крај на годината дека ќе отпочнеме со работа имајќи го во предвид и новото игралиште, истакна Ристовски.
Пуштањето на игралиштето во Лисиче беше и реализација на ветување дадено пред граѓаните на последната посета во септември.
Освен тоа тогаш граѓаните побараа и зголемување на површината на паркови, при што градоначалникот Ивица Коневски најави дека во соработка со градот Скопје ќе се градат паркови со над 90 илјади метри квадратни.
Неколку месеци подоцна паркот кој беше ветен е завршен и се планира негово продолжување и надградување.
-Планираме да продолжиме со изградба следната година позади Фудбалската федерација и да го поврземе се до булеварот Србија. Завршени се 100 илјади метри квадратни за рајскиот парк. Наредната година планираме уште 140.000 метри квадратни, целосно да го направиме функционален тој дел. Тоа е долгогодишен проект и важно е дека едно место кое претставуваше лошо место за општината каде најчесто се фрлаше градежен шут, сега го претвораме во еден прекраен парк каде жителите ќе може да го поминуваат своето слободно време, истакна Коневски.
Освен тоа досега во Лисиче се асфалтирани и реконструирани 40 километри во Лисиче, и исто толку километри фекална канализација е ново изградена, како и нова водоводна мрежа
-Повеќе од 40 километри улици се асфалтирани во Лисиче, изградба на фекална канализација во должина од 40 километри, преку 10 километри тротоари, три колектори со станица. Нова водоводна мрежа отпочнавме, посочи Конески.
Освен тоа се планира изградба и пробивање на уште еден трет влез и поврзување на општина Аеродром со Центар на чии што подготвителни активности работи градот Скопје. Граѓаните презадоволни од остварувањето на ветувањата кои им беа дадени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа