Црн викенд во Македонија: Загина петгодишно дете - маж се заби во ограда од мост

Викендов голем број сообраќајни несреќи ја потресоа Македонија. Во петокот во 9 часот и 50 минути на мостот на булеварот Гоце Делчев се случи страшна несреќа во која се судрија автомобил Цитроен со скопска регистрација управуван од 29-годишниот скопјанец Ф.Т и Фиат Пунто управувано од 61-годишниот Борис С од Скопје. За жал возачот на Фиат Пунтото починал на лице место откако се автомобилот се заби во оградата на мостот и буквално висеше од него.

Во текот на вчерашниот ден, петгодишно девојче загина во сообраќајна несреќа која вчера попладне се случи на патот Градско-Прилеп пред тунелите кај Дреновската клисура. Станува збор за неготинска фамилија, татко со девојче и баба и дедо кои оделе кон Ресен. Најверојатно, поради влажниот коловоз возилото марка „Форд фиеста” излетало од патот. Девојчето починало на лице место, а таткото и бабата завршиле во кавадаречката болница. Дедото е исто така повреден и не е во животна опасност. 

Вчера на Илинденска три лица се здобила со повредиво судирот помеѓу Ровер и Алтеа. Двајца од нив се пренесени во „8 Септември“ а едно лице е пренесено на Ургентен. 

И во Куманово се случија две несреќи. Две лица се повредени во сообраќајната несреќа што се случи вчера во 17 часот и 30 минути на регионалниот пат Куманово-Скопје, кај село Никуштак. Во несреќата директно се судриле автомобил, „рено“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 50-годишниот С.Ј. од Кратово и „ауди А4“ со скопски регистарски ознаки, кој го управувал 36-годишниот С.С.

Возачот на „аудито“ се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Кумановската болница и е задржан на лекување. Неговиот сопатник, веднаш по несреќата пренесен е во Ургентниот центар во Скопје.

Во Куманово вчера на крстосницата меѓу улиците „Тоде Думба“ и „Биљановска“ се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две возила, „хонда“ со бугарски национални ознаки, управувана од 30-годишниот К.А.Л. од Софија и „Тојота авенсис“ со кумановски регистарски ознаки, управувана од 48-годишниот С.К. од Куманово.

Како што информира денеска МВР, возачот на „тојотата“ и сопатничка од „хондата“ Ј.А.Л. се здобиле со повреди и по укажаната помош во Кумановската болница пуштени се на домашно лекување.

Шеснаесет годишно момче е тешко повредено откако синоќа околу 2 часот во него удрил автомобил „Матиз“, на улицата „11 Октомври“. Автомобилот управуван од  Д.Т. (30) удрил во момчето.

Поради тешките повреди истиот бил веднаш пренесен во Ургентниот центар каде е задржан на понатамошно лекување.

 
 
13.03.2016 - 11:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега