Останаа уште два дена: Побрзајте, казните се големи!
Годишна даночна пријава треба да поднесат граѓаните ако во измината 2015 година, оствариле дополнителни приходи, односно освен плата или пензија или приход од земјоделска, самостојна дејност, оствариле и приходи од: кирии (издавање на имот – закуп или подзакуп), авторски права, индустриска сопственост, исплатена дивиденд, ; капитална добивка од продажба на учество во капитал и недвижен имот, добивка од награднa игрa во износ поголем од 5.000 денари, приходи остварени од игри на среќа преку специјализирани странски интернет страни и друго.
Рокот е до 15-ти, вторник.
Побрзајте за да не платите казни.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа