Академиците немаат време за наука – бројачот на долгот е преземен од блог
Апликацијата која го мери долгот која го објaви Македонската академија на науките и уметностите е преземен од блогспот објавен уште во 2014 година и е правен од аматери. Извори за економски.мк велат дека токму заради ова не може да се смета за релевантен извор, пренесува економски.мк
принтскрин од Твитер од 2014 година
Дека МАНУ ја преземала апликацијата од нечиј блог докажува и фактот дека заборавиле да го променат бруто домашниот производ, па се уште стои бројката од 2014 година, кога е објавен блогот.
Колку се веродостојни податоците на МАНУ покажува и фактот дека јавниот долг кој тие го публикуваат повикувајќи се на податоците на Министерството за финансии не соодвествуваат со официјалните податоци објавени на страната на министерството.
Имено табелата која ја објавуваат тие а за која се тврди дека е преземана од Министерство за финансии покажува дека на крајот на годината јавниот долг е 47 отсто, додека на табелата оригинално објавена на веб страната нја Министерството за финансии истата е 46,5 отсто од БДП. Несовпаѓање има во сите бројки на табелата.
Извор: економски.мк
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа