ВМРО-ДПМНЕ: Објавениот бројчаник за задолженоста на Македонија е политички чин
ВМРО-ДПМНЕ денеска го оцени како партиски и политички, а не како научен чин, објавувањето на „бројчаникот“ за задолженоста на Македонија на веб страницата на Македонската академија на науките и уметностите.
Во писмената реакција ВМРО-ДПМНЕ посочува дека јавниот долг се мери во релативна вредност, а не во аполутна и го повика претседателот на МАНУ Таки Фити да изработи вистински „бројчаник“ кој ќе покажува секојдневно како расне БДП, како и корелацијата на БДП и државниот долг.
- Јавно го прашуваме Таки Фити дали МАНУ ќе направи апликација „бројчаник“ за намалување на невработеноста, потоа друга апликација „бројчаник“ за раст на извозот и уште една за раст на индустриското производство? Дали МАНУ ќе направи апликација со „бројчаник“ за бројот на изградени километри патишта, водоводи, канализациони мрежи, реконструирани и изградени училишта, болници, набавени медицински апарати?, се вели во реакцијата.
Партијата напоменува дека се додека МАНУ не се огради од ваквите настапи, ќе ја третираат оваа институција како клон на СДСМ и Сорос.
- Би апелирале до останатите членови на МАНУ да направат истражување дали во некоја држава постои сродна институција како нивната која по сите дефиниции треба да биде врв во науката, каде претседателот на таа институција е пред пензија, а за целиот свој работен век не успеал да направи научен труд кој би бил прифатен во меѓународно списание со импакт фактор, вели ВМРО-ДПМНЕ
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа