Намалени цените во земјоделството

 

Цените во земјоделството во февруари годинава се намалени за 2,4 отсто кај импутот, а за 8,5 отсто кај аутпутот  во споредба со истиот месец лани. 

Според податоците на Државниот завод за статистика, во делот импут намалувањето на цените за тековно потрошени средства во земјоделството изнесува 2,5 отсто, а кај цените за средства наменети за инвестиции во земјоделството има пораст од 0,3 отсто.

Во делот аутпут, намалувањето на цените на растителното производство изнесува 10,1 отсто, а на цените на добиточното производство 3,2 отсто

 
 
15.03.2016 - 14:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега