Изреволтирана велешанка утрово се обидела да го запали судот во Велес

 

Жена од велешко се обидела да го запали Основниот суд во Велес утрово во 8 часот и 30 минути, дознава Курир.

Според информациите на порталот, велешанката со себе имала шише во кое имало бензин, па со него ја испрскала вратата од судот, но за среќа судската полиција го забележала сето ова и спречила да дојде до пожар. 

Жената била изреволтирана и незадоволна од судските рочишта кои се водат против неа поради претходно поднесени кривични пријави. Таа во повеќе наврати во Башино село сечела бандери поставени од ЕВН, посочувајќи дека биле на нејзин имот, иако истите биле на државно земјиште, а еднаш се обидела и да запали бандера за струја.

ФОТО: Нова Македонија

 

најчитано сега