Велес: Влегол преку тераса и украл 4000 евра и пиштол
Крадец од Велес во период од 16 до 18 јули влегол во стан на свој сограѓанин и украл пари и оружје.
Се работи за станот на 61-годишниот Д.К. од Велес кој остана без 4000 евра и без својот пиштол.
Арамијата влегол преку балконот, извршил пребарување, ги украл оружјето и парите, па избегал во непознат правец.
Полицијата трага по него.
ФОТО: Дневник