Мизо: 7.100 луѓе ќе работат во зоните до крајот на годината
Во моментов во зоните имаме 23 компании кои работат активно или ја реализираат својата инвестиција и овие компании во моментов имаат креирано 5300 работни места, реферираше директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Виктор Мизо на отчетот.
-До крајот на годината нивниот план е да додадат уште дополнителни 1800 работни места, што значи дека оваа бројка ќе биде 7.100 луѓе во зоните, само од оние компании кои во моментов се таму присутни. Значи само во зоните 7100 нови работни места, но во моментот кога овие компании ќе стигнат до оптимаплата вредност на нивните бизнис планови ќе бидат вкупно креирани над 16 ипол илјади работни места само од овие 23 комоании.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа