Студијата за гасификација ќе биде готова за осум месеци
Топлификација Инженеринг ДООЕЛ Скопје со Министерството за Транспорт и врски потпиша договор за изработка на идејни проекти и физибилити студии за реализација на дистрибутивни системи за природен гас за сите градови во Република Македонија.
Со студијата, секоја од урбаните средини за кои ќе биде оценето дека постои исплатливоста за инвестирање, ќе може да одлучи дали ќе ја реализира самостојно, со формирање јавни претпријатија или со јавно приватно партнерство или со давање под концесија.
Се работи за договор вреден 66.9 милиони денари кој ќе се реализира 8 месеци.
ФОТО: Нетпрес