Приведена велешанката која со бензин сакаше да го запали судот во Велес

 

Полицијата во Велес ја приведе велешанката која сакаше да го запали Основниот суд утринава.

Се работи за 47-годишната М.П која утрово во 8 часот и 30 минути се заканувала дека ќе го запали Оснониот суд во Велес.

Таа со пластично шише од прашок за садови „Сјај“ во кое се наоѓал бензин ја попрскала влезната врата на судот, и сакала да  запали, но не успеала бидејќи била приведена од полицијата.

- М.П. е на распит и најверојатно против неа ќе биде поднесена кривична пријава за предизвикување општа опасност, изјави за МИА  Александар Костов од СВР Велес.

ФОТО: Сител

 

најчитано сега