Со инвестициите во здравството до скок од 12 места на ЕЗПИ - „Мој термин“ најдобра реформа

Во здравството се инвестирани над 200 милиони евра за опрема и реконструкција на постојните, но и за изградба на нови болници. Изграден е ПЕТ центар во вредност од околу 16 милиони евра. Новата опрема и нејзиното ставање во функција сериозно го намалува времето на чекање. Над 2.500 здравствени работници се едуцирани во реномирани медицински центри.

Ова беше само дел од проектите и реформите кои беа опфатени во отчетот на ВМРО-ДПМНЕ за сработеното во изминатите 10 години. Лидерот Никола Груевски и министерот Тодоров јавно реферираа за постигнатото во македонскиот здравствен систем.

– Се набави опрема во износ од 100 милиони евра што на здравствените институции им донесе нов квалитет кој  го ползуваат и самите пациенти. Исто толку пари се инвестирани во изградбата и реконкструкцијата на болниците, започна процес на обука на медицинскиот персонал, се спроведуваат проектите рурален родктор и мобилни аптеки со што здравствената заштита се доближи до секој граѓанин, дури и до оние коишто се од најодалечените рурални средини. Се отвори и нова кардиохирургија, се изгради новв објект на Детската клиника Козле, истакна Груевски.

Министерот за здравство Никола Тодоров истакна дека е започната изградбата на Клиничката болница во Штип. Тоа, рече, е еден од најголемите капитални проекти на македонското здравство досега, инвестиција вредна над 30 милиони евра само во градба, а вкупната инвестиција е 56 милиони  евра. Болницата, според Тодоров, треба да биде готова за две години од сега.

Набавена опрема во вредност од 100 милиони евра

Информираше и за изградбата на Пет центарот и притоа истакна дека станува збор за инвестиција вредна една милијарда денари или околу 16 милиони евра.

– Изградбата заврши, кадарот се обучи сите вработени на клучните позициии во центарот беа испратени  на обука во Болоња. Сега е во тек процесот на валидација којшто треба да трае 9 месеци и очекуваме некаде до крајот на септември или почетокот на октомври да почнеме со работа со пациенти, информира Тодоров.

Во изградба е, рече тој, и болницата во Св. Еразмо во Охрид, инвестиција вредна 215 милиони денари и очекуваме да заврши некаде до средината на 2017 година.

Информира дека досега е набавена опрема во вредност од над 100 милиони евра, но, како што рече, само од 2014 досега е набавена опрема во вредност од околу 15 милиони евра.

– За илустрација во тек е набавка или веќе се инсталирани 11 мамографи во повеќе градови во државава. Се набавија мамографи за Шитп, Велес, Прилеп, Кочани, Охрид, во тек е испорака на мамографи за Радовиш, Гевгелија, Македонска Каменица и Кавадарци. Генерално се трудиме со нова и најсовремена опрема да ја покриеме цела држава, рече министерот за здравство.

Потенцира дека со новата опрема и нејзиното ставање во функција сериозно го намалува времето на чекање.

– Времето на чекање за зрачна терапија за луѓе коишто беа болни од малигни заболувања во време на нашите политички претходници на опозицијата беше некаде над 10 мееци, во овој момент нема листа на чекање за зрачна терапија, иако и во некои други земји во регионот таа листа на чекање  е над три, четири, па и повеќе месеци. Значи во овој момент во Македонија нема листа на чекање за зрачна терапија. Слично е и за многу други процедури, рече Тодоров.

Во рамки на отчетот беше информирано и за обуката на персоналот во здравството, проект кој се реализира околу 4 години. Досегашните искуства покажале дека над 70 посто од докторите коишто биле на едукација досега имаат воведено нови методи во својата матична здравствена установа или пак методи коишто не биле досега практицирани во ниту една  друга здравствена установа.
Над 2.500 здравствени работници се едуцирани во реномирани медицински центри

Досега над 2.500 здравствени работници се едуцирани во реномирани медицински центри во универзитетски клиники во болници во повеќе земји во Европа што имаат развиен здравствен систем, како и во САД, Кина, Јапонија, Австралија.

Директорот на ФЗОМ Сашо Стефановски информираше за ефектите од проектот за бесплатно Ин витро.

– Ова мерка функционира од 2010 година и можам да кажам до 2015 година до крајот на 2015 околу 6.000 двојки искористиле право да добијат финансиска помош и да добијат ваучер од државата за здравствено осигурување за да искористат да добијат принова по вештачки пат бидејќи имале проблем да го направат по природен пат. Преку 6 милиони евра издвоила и исплатила за овие мерки државата изминатите години, истакна Стефановски.

Со надоградувањето на проектот на крајот на изминатата година, додаде тој, Владата на РМ ја усвои таа мерка и ин витрото комплетно стана бепслатно и за трето дете до три обиди  и за четврто дете до три обиди, со се затвора кругот. – Имаме бесплатно ин витро за прво, второ и трето и четврто дете до три обиди со нула денари партиципација, рече директорот на ФЗОМ.

Тој информираше и за намалувањето на цената на лековите. – Ова е системска мерка со добро утврдена методологја со која во рок од четири години се намалени цените на преку 4.700 лека во Република Македонија, коишто многукратно поефтинија од тоа што биле претходно и станаа подостапни за граѓаните на РМ, рече Стефановски и додаде дека на ваков начин здравствениот систем заштедил околу 33 милиони евра.

 

Скок од 12 места на европскиот здравствен потрошувачки индекс

Според Европскиот здравствен потрошувачки индекс Македонија е рангирана на 16-то место со 700-ни од максимални илјада бодови што е скок од 11 места во однос на 2013-та година.

Претседателот на здравствената организација „Куќа на здравјето на потрошувачите“, Арне Бјонберг неодамна посочи дека реформите во македонскиот здравствен систем како уникатни. Македонија забележа значителен напредок на Европскиот здравствен потрошувачки индекс. Како најдобар реформски чекор е оценет проектот „Мој термин“.

„Бев активен во продажба на решенија за здравствениот систем на ИБМ повеќе од 20 години и чекав толку години за да видам некој да направи нешто, а што уште одамна беше технички возможно. Најимпресивно е дека Вие тоа го направивте, бидејќи она што го прави системот е да го елиминира времето за чекање во здравствениот систем. Никој друг нема ништо слично на она што го има Македонија во здравствениот систем“, изјави Бјонберг.
Србија ги сака макеонските реформи во здравството

Радио телевизија Србија на почетокот од минатиот месец со пофалби за македонскиот  електронски систем Мој Термин. За пациентите побрзо да доаѓаат до здравствени услуги а лекарите да помогнат на време неопходен ни е ефикасен здравствен систем каков што постои во Македонија, констатира националната телевизија. Тие одамна го очекуваат проектот кој се презема од соседна акедонија, земјата која направи многу на ова поле, за што доби пофалби и од ЕУ, пренесува РТС.

Очигледно е дека  соседите се запознаваат со резултатите кои ги даваат владините проекти во здравството.  Репортерите на РТС побрзаа да откријат колку се задоволни македонските пациенти и лекари од Мој Термин. Гужви во абулантските ходници и нервозни  пациенти е сликата која сеуште постои во Србија, додека кај нас амбулантите се празни бидејќи со електронското здравство се решени бројни проблеми и постигнати се големи резултати.

Од селски амбуланти до клинички центри, се е покриено со информациониот систем наведува РТС. За сето ова да функционира беспрекорно објаснуваат, лекарите најдоцна до 5ти во месецот мора да достават термини за месецот кој следи. Лекарите за РТС велат, сега е се поедноставно, порано се пишуваше многу, а со електронскиот систем се е полесно . Пациентите  обавезно закажуваат освен во итни случаи.

– Не ми беше тешко да се навикнам, предностите се многубројни. Најважно е што и ние и пациентите имаме увид  како се работи во било која установа. “ Никола Стојановски  – центар за дијабетес

-Денеска имам 22 пациенти, секој е закажан на 15 минути. ВО текот на една смена има и пауза од половина час, а потоа ги примам  пациентите кои закажале  за контрола“ специјалист оториноларинголог Андријана Чупуровска.

Увид во слободните термини има и министерот за здравство се потенцира во извештајот на РТС. На овој начин објаснуваат,  во секој момент инистерот  може да следи и да провери кој лекар колку рецепти и упати издал, кои се најчестите дијагнози и кој колку работи. Овој проект во Македонија за три пати повеќе го зголеми бројот на услуги а за 10 пати го  скрати времето на чекање за пациентите нагласува РТС.

–Пациентот  треба да го почитува и времето на лекарот и времето на следниот паиент со закажан термин а докторот да биде на услуга. Лесно е да се воведе електронски систем но истовремено треба да се работи и на менување на менталитетот, изјави директорот на Управата за електронско здравство во  Македонија Милан Аризаноски.

РТС пишува дека според најавите од  српското министерство за здравство, до средина на годината треба да биде воведен ваков систем. За проектот  се издвоени 300 милиони српски динари.

 
 
23.03.2016 - 13:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега