КУРИР: Политички јуриш на Јанева и Заев за уривање на македонската држава (ВИДЕО)

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, надвор од секоја правна логика, одлучи сама да си ги цени „доказите“ и врз основа на нејзина пресуда да ги оспори сите институции во Република Македонија, пренесува Курир

katica-janeva-zoran-zaev

Јанева вчера го негираше и судот како трета власт, кој треба да одлучува дали нејзините „докази“ се релевантни. Истиот суд, кој треба да одлучува и по пријавите и доказите дека тимот на Катица Јанева ги малтретирал повиканите сведоци и дека на некои им бил нуден поткуп за лажно сведочење.

Истото сценарио го отпочна токму Зоран Заев со оспорување на легитимитетот на судот и обвинителството.

-Не го признавам правосудството како независна власт по Устав и по закон, изјави Заев во јули минатата година.

Јанева сама призна дека 100% не и се поткрепени ниту барањата за истраги кои ги поднесе, а си дозволи да го оспорува легитимитетот на институциите без никакво судење, во ситуација кога  нема ниту обвинителен акт. Дрскост која се граничи не само со правната логика туку и со моралот.

-Самиот избор и на претседател и на Уставни судии и на пратеници е доведено во прашање, и тоа е мојот одговор за уставниот суд. Мислам дека сите овие се нелегитимни институции, рече Јанева.

Со својот вчерашен настап, Јанева само го потврди општиот впечаток меѓу граѓаните дека Специјалното обвинителство не се води според Уставот и законите на Република Македонија, туку според наредбите кои ги добива од Зоран Заев. Истите институции кои ги оспори Катица Јанева, претходно со истата терминологија беа нападнати и од страна на Зоран Заев

-Што мисли Ѓорге Иванов, Груевски е нелегитимен. И тој треба да поднесе оставка, рече Заев пред пет дена.

Државата има три конститутивни елементи народ, територија и власт(извршна, законодавна и судска), а Јанева и Заев преку негирањето на институциите, негираа еден од конститутивните елементи на секоја држава. Истото што го прават одредени интересни групи со оспорување на македонскиот народ, македонската црква, јазик, територија и име.

 
 
23.03.2016 - 16:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега