Притвор за едно од приведените лица за „Фабриката за афери“

За едно од лицата кои денеска во спроведување на акцијата за предметот познат како „Фабрика за афери“ беа лишени од слобода, надлежен јавен обвинител поднесе Предлог за определување мерка притвор. Лицето, како што соопшти Службата за информирање на Јавното обвинителство на РМ,  се товари за сторено кривично дело – Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 од Кривичниот законик.

Од ЈО наведуваат дека тројца од петтeмина лишени од слобода, по оценка на обвинител и согласно на досега утврденото, не се задржани во полициска станица.

Петтото лице е задржано и како што стои во соопштението јавноста дополнително ќе биде известена за одлуката која во постапувањето ќе биде донесена од страна на Обвинителството.

 
 
24.03.2016 - 22:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега