Делев: Договорите за закуп се јавни документи и никаде не е направено ништо незаконски

Заменик-министерот за економија Христијан Делев ги оценува како манипулација со јавноста денешните изнесени наводи од дополнителниот заменик-минситер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

– Основните договори и анексите за закуп на земјоделско земјиште  се јавни документи и граѓаните можат да ги видат и да увидат дека никаде не е направено ништо незаконски, наведува Делев во демант испратен до медиумите.

Во него појаснува дека основните договори се потпишани во времето на СДСМ во владеењето на Славко Петров во  2004 година и во сите овие договори корисниците на земјоделско земјиште се ослободуваат од плаќање закуп за цели 4 години. – Анексите по Закон мораше да се склучуваат, односно со тоа да се обврзат корисниците  да плаќаат закуп за користење на тоа земјоделско земјиште. Впрочем, Николовски во денешната изјава самиот се демантира со тоа што кажува дека државниот правобранител укажува дека четирите години важат од денот на потпишување на договорот потпишан од Славко Петров, наведува заменик-минситерот за економија Христијан Делев.

 
 
25.03.2016 - 10:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега