Најсовремена опрема за Институтот за трансфузиона медицина

Опрема за подобрување на квалитетот на дарувањето крв, во вредност од 50.000 евра, денеска е донирана на Институтот за трансфузиона медицина-Скопје.

Донацијата е дел од проектот „Подобрување на едукативните стандарди во медицинската технолошка индустрија со воведување иновации во крвните банки", кофинансиран од Германската влада, SEQUA develoPPP.de и Lmb Technologie GmbH (Schwaig/Germany).

Претставникот на компанијата Lmb Technologie GmbH Драган Јанковиќ истакна дека станува збор за најсовремена опрема која тие ја произведуваат и претставува врв во медициската технологија, чија примена ќе го подигне технолошкото ниво на работа на Институтот за трансфузиона медицина. 

Директорката на Институтот Емилија Велкова, заблагодарувајќи се за донацијата, посочи дека таа се состои од два стола за дарување на крв и поголем број мешалки за преземање на крв и крвни компоненти и силери-термосекачи.

- Сета опрема ќе придонесе за унапредување на крводарителството, односно за зголемување на сигурноста на крвта и крвните компоненти кои ги даваме кај пациентите во целата држава во поглед на европските стандарди, рече Велкова.

Установата во последните три години од проекти и донации добиена е опрема во вредност од милион евра, која го подобри квалитетот на крвта и крвните компоненти, посочи директорката на Институтот Велкова. 

 
 
25.03.2016 - 13:21
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега