Откриени небезбедни месни производи во месарница во Ново Лисиче

Агенцијата за храна и ветеринарство неделава во месарница во скопската населба Ново Лисиче заплени и уништи 100 килограми небезбедни димени месни производи и спречи  да стасаат до крајниот потрошувач.

Како што соопшти денеска Агенцијата за храна и ветеринарство истрагата од  инспекциската контрола констатирала дека небезбедните димени производи потекнуваат од несоодветен, нехигиенски и неодобрен објект кој се наоѓа во скопското село Ајватовци. Во нелегалниот и недозволениот објект во скопско Ајватовци се пронајдени и уште неколку стотини килограми небезбедни димени месни производи и други преработки од месо и се уништени веднаш.

Агенцијата за храна и ветеринарство, се вели во соопштението, го затвори нелегалниот објект и на сопственикот му изрече парична казна во висина од 10.000 евра, а во исто време во процедура е и постапка за покренување кривична  пријава.

 
 
25.03.2016 - 17:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега