Започна манифестацијата „Денови на македонска култура“ во Едрене

Во рамки на Фестивалот на филмот во Едрене, Турција, денеска започна манифестацијата „Денови на македонската култура". 

Активностите на манифестацијата на прес-конференција ги претставија државниот секретар во Министерството за култура Бехиџудин Шехапи, директорката на Агенцијата за филм Мими Ѓорѓоска-Илиевска, директорот нга Институтот за културно и духовно наследство Скендер Асани, како и раководителите на Уметничко-културното друштво „Каршиака“ и на Ансамблот за народни ора и песни „Танец“.

Државниот секретар Шехапи се заблагодари за гостопримството од турските организатори на фестивалот за 65-члената делегација од Македонија и ја претстави тридневната културна програма на фестивалот.

Директорот Асани го најави одржувањето на утрешното предавање во Тракискиот универзитет во Едрене на тема „Мигрирањето на Албанците во Отоманската империја“ и „Придонесот и учеството на Албанците во биткатана Чнакале“, која 100 години не била тема на дискусија.

Директорката Ѓорѓоска-Илиевска изрази задоволство што се претставува македонската култура преку филмот во голема држава како Турција. - Ова не е прво претставување на Република Македонија тука, имајќи предвид дека еден толку значаен настан се остварува пред неколку години преку една културна проекциа во Анталија, каде меѓу другото се направи една рестроспектива на македонската кинематографија, изјави Ѓорѓоска-Илиевска.

На манифестација во кампусот на Тракискиот универзитет се претставија културно-уметничкото друштво „Каршиака“  и „Танец“.

Во Турција ќе бидат претставени културните богатства на Република Македонија во неколку дејности-филм, фолклор и културно-историско и духовно наследство. Покрај најпознатите песни и ора од репертоарот на  „Танец“ и „Каршијака“ на манифестацијата ќе бидат прикажани 14 документарни и 12 долгометражни филма од македонски и албански автори, поддржани од Агенцијата за филм на Република Македонија. Во соработка со Кинотеката на Република Македонија ќе биде организирана и изложба на браќата Манаки, со цел запознавање на присутните со ликот и делото на првите сниматели на Балканот. 

 
 
25.03.2016 - 22:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега