Голема полициска акција - блокиран влезот во Арачиново

Во Арачиново и во дел од општина Липково во тек се повеќе полициски блокади, а како што објавува телевизијата „Телма“ има полициска акција во рамките на редовните активности на МВР.

За телевизијата потврдиле дека има блокада на влезот во Арачиново, но утре ќе соопштеле повеќе детали за акцијата.

Како што објавува „Телма“ нема детали дали специјалците кои се на терен во Липковско-арачиновскиот крај се во акција против вооружена група или пак станува збор за спроведување на активности против криминална група.

Според информации на „Телма“ покрај блокадата пред влезот во Арачиново, пунктови со полициски специјалци има и кај селото Ропаљце како и на местото викано Слупчански бунар.

 
 
25.03.2016 - 23:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега